Хрватска им ги враќа на Србите локалите во центарот на Загреб

Со претставници на власта во Хрватска, договорено е на Српското хуманитарно здружение „Привредник“ здружение кое ги стипендира сиромашните ученици и студенти од повратничките краишта во Загреб да и се врати имотот вреден речиси два милиони евра.

 

Ваквата одлука ја потврдил Миле Хорват, шеф на клубот застапник на Самостојната српска демократска партија (ССДС) за хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Според него постои добра политичка волја, овој договор да се спроведе, како и дека тоа прашање би требало многу брзо да биде решено.

Како што се наведува на „Привредник, ќе му биде вратено, околу 1.300 квадрати во најстрогиот центар на Загреб, што ќе значи крај на 15-годишниот спор меѓу тоа здружение и хрватската држава.

Во минатото, на Привредник не му бил признат статусот на наследник на некогашното истоимено здружение, а со тоа и скапоцените недвижности, и во преговорите со владата е најдено компромисно решение, така што на Привредник, недвижностите ќе му бидат „подарени“.

Весникот забележува дека барањето на Привредник од 2002 година го одбила тогашната министерка за правда на СДП, Ингрид Античевиќ-Мариновиќ, а 12 години подоцна, договорот е постигнат токму со социјалдемократската влада на Хрватска.

 

На Привредник ќе му биде подарен комплекс од три згради и приземен дел од некогашната палата Башич во која денес се наоѓа прехрамбена продавница.

03.02.2014 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега