Дачиќ и Тачи подготвени за продолжување на дијалогот во Брисел

Премиерите на Србија и Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи изразија подготвеност да продолжат со дијалогот за нормализирање на односите и да понудат на српскиот и албанскиот народ мир и просперитет.

Во соопштението објавено на интернет страницата на минхенската Меѓународна конференција за безбедност стои дека Дачиќ и Тачи на синоќешната дискусија за односите меѓу Србија и Косово, чиј модератор беше Кетрин Ештон, која посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина оценија дека освен билатералните односи, врските со Европа се исто така од клучно значење.

Кетрин Ештон истакна дека тие веќе имаат минато 220 часа во разговори за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Дачиќ го повика косовските Срби да учествуваат на парламентарните избори, што ќе се одржат годинава во Косово, а премиерот Хашим Тачи ги повика да соработуваат.

03.02.2014 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега