Го фатиле: Во имотниот лист не го внел телефонот вреден неверојатни 630.000 денари

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово и поранешен градоначалник на Приштина, Иса Мустафа кога го доставувал имотниот лист до антикорупциската агенција се чини заборавил нешто. Можеби е нешто мало, но вредноста му е многу голема, јавува дописникот на МИА.

На фотографијата која ја поседува порталот Индексонлајн, Мустафа во раце држи  мобилен телефон марка „VERTU CONSTALLATION GOLD“. Со брзо пребарување на Гугл, порталот дознал дека ваков вид телефон(употребен) чини околу 14 илјади долари (630.000 денари)

„Привилегија да поседуваат ваков вид телефон имаат многу малку луѓе, повеќето од нив кои ја имаат таа среќа се милиониери“ се наведува во написот на порталот.

Во изјавата за имотната состојба за 2013 година, Иса Мустафа освен куќа, земјоделска површина, Инситутот „Риинвест“ и некои банкарски заштеди во банки во Косово, не наведува друг имот.

Фотографиите се направени за време на една од средбите на косовските лидери минатата година. Во наредните  денови Индексонлајн ќе објави и други нешта кои косовските политичари  ги немаат пријавено во имотните листови

03.02.2014 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа