Директор на училиште пукал кон сопругата па се обидел да се самоубие

Хорор го потресе Зајечар. Директор на училиште пукал кон својата сопруга, а потоа посегнал и по својот живот.

Како што пренесуваат српските медиуми, 56-годишниот Будимир Костиќ, директорот на Медицинското училиште во Зајечар, пукал кон својата четири години помлада сопруга Брана Костиќ, а потоа и кон себе. Случајот во полиција го пријавила нивна соседка, која и раскажала на полицијата дека Будимир со ловечка пушка ја застрелал сопругата.

Мажот и жената биле веднаш пренесени во болница. Брана е надвор од животна опасност, а лекарите се обидуваат да му го спасат животот на директорот, кој е ставен на апарати.

Српските медиуми пренесуваат дека двајцата сопружници биле посветени на работата, но имале нарушени семејсни односи.

03.02.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега