Десничарските партии во Хрватска со заеднички листи на изборите за ЕП

Во Хрватска во тек се преговори меѓу десничарските партии за настап со заеднички листи на претстојните избори за Европскиот парламент, што ќе бидат одржани во втората половина на мај.

На ваквите најави реагираше претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, кој му порача на лидерот на Хрватската демократска партија (ХДЗ) ,Томислав Карамарко дека европската парламентарка и претседателка на екстремно десната Хрватска партија на правото „Анте Старачевиќ“ (ХСП АС), Ружа Томашевиќ „не може да биде на листата на ХДЗ за Европскиот парламент“

Дол истакна дека Томашевиќ како евроскептик треба да биде на листата на евроскептици, а не на европските народни партии, каде припаѓа ХДЗ.

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави и дека лидерката на граѓанската иницијатива „Во име на семејството“ Жељка Маркиќ нема да биде на листата на ХДЗ. Маркиќ по референдумот за бракот стана „икона на конзервативната хрватска сцена“.

Политичката партија Хрватски раст (Храст) одлучи да се припои кон Сојузот за Хрватска, составен од Хрватскиот демократски сабор на Славонија и на Барања (ХДССБ), чиј иден творец е Бранимир Главаш, а лидер Владимир Шишљагиќ, Хрватска зора на Милан Кујунџиќ, Хрватска партија на правото (ХСП) на Данијел Срба, Автохтоната хрватска селска партија на Бранко Борковиќ и уште некои помали хрватски десни партии.

03.02.2014 - 17:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега