Разбиена група фалсификатори на евра

Полицијата од албанскиот град Лежа уапси четири лица, под обвинение за „фалсификување банкноти и документи“, јави дописникот  на МИА.

Уапсените се Французин, Камерунец, Косовец и Албанец кој имал и шведски пасош. Тие се на возраст од 30 до 38 години.

Полицијата ги привела додека со автомобил патувале кон на Лежа. При контрола биле пронајдени материјали и апрати за  фалсификување пари. Пројдени се и исечени парчиња хартија со димензии на банкнота на 500 евра.

Поради сомнеж дека групата има соработици во Албанија и оти е можно фасификувани банкноти да се растурени и во соседните земји, полицијата апелира на голема внимателност.

Истрагата продолжува со цел да се открие местото каде се печателе фалсификуваните банкноти и поврзаноста на други лица во ова. 

03.02.2014 - 20:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега