Најмногу имоти во Црна Гора купуваат Русите и Срби

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, изјави дека најмногу недвижни имоти во Црна Гора минатата година купиле државјани на Русија и на Србија.

- Во 2013 година над 570 Руси вложиле пари за купување имоти, како и 420 Срби, а останатите купувачи се од други земји и се помалку, истакна Вујановиќ.

Тој изрази задоволство дека Русите изразуваат интерес и кон северниот дел на Црна Гора.

 

Според него, Црна Гора на руските бродови треба да им го даде на располагање своето пристаниште Бар, а исто така и активно да соработува во рамки на договорот за зона за слободна трговија.

04.02.2014 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега