Грција и Бугарија нема да дозволат Филе да биде наследник на Ештон?

Бриселскиот неделник “Нова Европа”, кој се занимава со прашања поврзани со Европската унија и е во сопстевност на грчки бизнисмени и новинари, објави дека Бугарија ќе биде втората земја по Грција што сигурно ќе стави вето на кандидатурата на Штефан Филе за висок претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ.

Според неделникот Филе е директен виновник за лошиот извештај што Европската комисија неодамна го објави за напредокот на Бугарија во рамки на верификацискиот механизам за соработка.  Како што пишува весникот извештајот  е направен со цел да биде урната Владата на Пламен Орешарски, предводена од Социјалистичката партија и да и се даде поддршка на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Бојко Борисов.

Еврокомисијата не смее да се меша во внатрешните работи на земјите-членки и сигурно некој ќе плати за ова. Прв, најверојатно ќе биде комесарот за проширување Штефан Филе, кој е одговорен за бугарскиот извештај. Тој се надева дека по изборите за Европарламентот ќе стане шеф на Европската служба за надворешни работи. Но, дознаваме дека по Грција, Бугарија ќе биде втората земја што ќе стави вето на таков ангажман, се наведува во текстот на „Нова Европа“ посветен на последниот извештај на Комисијата за Бугарија.

 

Грчката блокада за можен реизбор на Филе за еврокомесар уште поодамна е најавена поради неговото инсистирање за напредок на Македонија во евроинтеграциите и за силниот притисок врз грчките власти да дозволат земјава да ги почне пристапните преговори, според бриселскиот неделник, ова значи дека и Бугарија ќе биде против останување на чешкиот политичар во Европската комисија.

04.02.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега