Измислен чај од кој растат гради за две недели?

На огласите и бандерите низ Белград можат да се најдат листови на кои се рекламира чај од кој растат гради! Како што јавуваат српските медиуми, скапите силикони ќе станат минато бидејќи е направен чај кој на дамите ќе им помогне да имаат побујно деколте. Секако, би било убаво сето ова да е реално, но лекарите и фармацевтите предупредуваат дека се работи за измама.

Како што јавува српскиот Курир, новинарка исконтактирала со една жена чиј број бил оставен на рекламата. Се работи за извесна Ана која вели дека го произведува овој чај по кој се што ќе треба да направите е да си купите поголем градник. Таа навела дека е 100 проценти ефикасен, а прв пат го направила пред десет години, но заминала на Исланд, па сега кога се вратила повторно започнала да го произведува.

Според жената, резултатите од чајот может да се видат по 15 дена од користењето. 

Сепак, фармацевтите и лекарите тврдат дека се работи за измама, а со оглед на тоа дека производот содржи естроген, тоа е прав криминал.  Исто така нема декларација и рок на чајот.

Инаку, еден чај чини 450 динари.

 

 

04.02.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега