Скандал: На деца од градинка им продаваат градници и танги

Скандал ја стресе Србија. Во Крагуевац се продаваат градници и танги за дечиња до 6-7 годишна возраст.

Како што пренесуваат српските медиуми, продавачите велат дека ни ти не би купиле вакво нешто на своите мали ќерки, но што да прават кога навистина сите производи одат како алва.

- Продавам градници за девојчиња од 4 до 6 години. Направени се со сунѓер за да не бидат непријатни, па кога детето че го стави не е рамно како даска. Имам и танга во понудата, но за малку постари девојчиња, вели продавач, кој искрено кажува дека тој вакво нешто не би и купил на  ќерка си.

Една од мајките кои купувале вакви производи вели дека тоа го прави бидејќи сите другарки на нејзината ќерка имаат, па и таа сакала да биде во тренд.

- Сите другарки имаат па мојата ќеркичка плачеше за ваков градник. Па што? Не гледам ништо страшно во ова. Јас имам либерални сфаќања и така си го воспитувам детето, вели мајката чиј идентитет не се открива.

Дел од воспитувачките на градинките велат дека децата во градинка се почесто ја следат оваа мода и дека оние кои имаат вакви градници се главни меѓу дечињата.

До каде отиде светот...

04.02.2014 - 12:07
Фото: 
Попара.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега