Бројот на заболени од шуга во БиХ зголемен за 25 отсто

Според податоците на Федералниот завод за јавно здравство на БиХ заразните болести како шугата, секој месец се повеќе се шират на територијата на државата.

Само во текот на изминатата година бројот на заболени од шуга во БиХ е зголемен за 25 отсто во однос на 2012, а според главниот федерален епидемиолог Јелена Равлија, водечка заразна болест главно се јавува во колективи и додава дека ваквата ситуација може да се објасни со недоволна грижа за здравјето и хигиената.

“Бројот на регистрирани случаи на шуга во изминатите пет години значително се зголеми. Така во 2009 година се забележани 565 случаи, а 1.080 минатата година”, истакна Равлија.

Епидемиолозите предупредуваат дека во БиХ циркулираат неколку патогени микроорганизми кои се опасни по здравјето на населението и кои можат да имаат кобни последици. Станува збор за паразити и микроорганизми кои се пренесуваат најчесто од животни на луѓе.

04.02.2014 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега