ФОТО: Скопје одбележа 142 години од раѓањето на Гоце Делчев
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева денеска положија цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во Црквата „Св.Спас“, по повод одбележување на 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер.
Цвеќиња положија, делегација на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, делегација на Владата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, делегација од Министерството за одбрана на РМ, делегација на Армијата на Република Македонија, делегација од Здружението на борци на РМ и политички затвореници, делегации од скопските општини, делегација од Македонската академија на науките и уметностите, како и други државни институции, но и делегации и претставници од училишта и организации што го носат неговото име.
Во Црквата Св.Спас беше одржана Панихида на Македонската православна црква, а по повод 142 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери, настапи и Мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентско водство на Бисера Чадловска.
На споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ и споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, почит на големиот македонски револуционер со положување цвеќиња, му оддаде и официјална делегација од Советот на Град Скопје.