Борисов ќе бара да се поништат изборите во Бугарија

Поранешниот бугарски премиер и лидер на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија, Бојко Борисов најави дека ќе иницира поништување на резултатите од парламентарните избори во земјата, одржани на 12 мај.

- Денеска или утре ГЕРБ ќе поднесе жалба до Уставниот суд и ќе бара поништување на изборите... поради грубо кршење на законите дента воочи гласањето, нагласи Борисов.

Доколку, ГЕРБ не успее да формира влада која ќе добите мнозинска поддршка во Парламентот, мандатот за формирање владин кабинет ќе го добие втората по бројност парламентарна сила, Бугарската социјалистичка партија (БСП). Социјалистите и нивниот традиционален коалициски партнер, партијата на бугарските Турци - Движењето за права и слободи (ДПС), заедно имаат 120 пратеници или еден помалку од потребните за парламентарно мнозинство. Аналитичарите оценуваат дека БСП и ДПС би можеле да најдат еден пратеник од редовите на ГЕРБ или на националистичката партија Атака, кој би ја подржал нивната коалициска влада.

Неправилностите за кои говори Борисов се однесуваат на откривањето на 350.000 фалсифуикувани гласачки ливчиња на денот пред изборите, 11 мај, во печатница во сопственост на општиски советник од редовите на ГЕРБ.

најчитано сега