Тадиќ утре ќе отпочне регистрација на нова политичка партија

Борис Тадиќ, поранешниот претседател на Србија, од утре ќе го отпочне процесот за регистрација на нова политичка партија.

Неофицијални извори велат дека најверојатно ќе се вика Нова демократска партија.

Паралелно со тоа ќе почне и собирањето на потписи потребни за кандидирање на партијата на претстојните парламентарни избори.

Согласно закон за политички партии, потребни се најмалку 10.000 потписи, а за пријавата за упис ја поднесува лице овластено за поднесување на пријавата за упис во Регистарот  во рок од 30 денови од основањето на партијата.

04.02.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега