ФОТО: Храбри пожарникари спасиле три близначиња од глад!

За среќа една група пожарникари се нашле на вистинското место и време, спасиле три близначиња. Пожарникарите пет дена спасувале луѓе од невремто во Војводина, иако изморени не одбиле да помогнат на едно српско семејство, со моторни санки им донеле храна на прегладнетите три близначиња кои имале 2,5 месеци.

Родителите на трите близначиња  живеат во селото Горна Рогатица кај Бачка Топола. децата  се родени во 32 недела од бременоста со тежина од само 1.500 грама. Сега имаат речиси по 5 килограми и користат специјална храна за предвремено родени бебиња. Поради есктемните температури и  снежното невреме неможеле како да ја набават потребната храна за овие мали бебенца. 

Залихите им се потрошиле, а патиштата не беа расчистени. Биле блокирани со наноси снег високи и до 4 метри и никаква курирска служба не можела да дојде до нив.

Загрижените родители тогаш му се обратиле на шефот на пожарната  од Бачка Топола и побарале помош. Со согласнот на командирот договориле акција. 

Тие и покрај тоа што пет дена по ред помагале во спасувањето на завеаните луѓе кај Зрењанин, Фекетич, Бачка Топола и кон Суботица, сепак не можеле да го одбијат семејството и со моторни санки на бебињата и ја донеле потребната храна.

04.02.2014 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа