Ќе исчезнат заболените дрвја и отпадоците во Градскиот парк

Екипи на Град Скопје од денеска почнаа голема акција за чистење и уредување на Вториот дел на Градски парк. 

-Во текот на акцијата работниците ќе извршат кроење на крошните на дрвјата, отстранувајќи ги  старите, заболени и исушени гранки, кои ги нагрдуваат дрвјата, а претставуваат и опасност за минувачите. Исто така, екипите на Градот ќе ги чистат и паднатите гранки од каналите и езерцата во Градски парк, информираат од Град Скопје.

Во текот на акцијата ќе се исечат и старите и заболени тополи кои претставуваат опасност за посетителите на Вториот дел на Градски парк.  

Изминатите денови работниците ги искроија и обликуваа  грмушките, тревниците целосно ги исчистија од одпадоци, суви гранки, листови и камења, а во текот на акцијата ќе ги исчистат и рабниците околу патеките во овој дел на Паркот.

Акцијата на Градот ќе продолжи и следниве денови, односно се додека комплетноне се уреди зеленилото во Вториот дел на Паркот. Во текот на наредната недела ќе го уредуваат и зеленилото во Првиот дел на Паркот.

 

На терен работат екипи на  ЈП „Паркови и зеленило“.

05.02.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа