Судот одлучи- Ивановиќ останува во притвор

Како што соопштува ЕУЛЕКС, апелацискиот суд во Приштина ја потврди одлуката на Основниот суд во Косовска Митровица Оливер Ивановиќ, кој е осомничен за воени злосторства и убиство да остане во притвор.

Во соопштението се наведува дека апелацискиот суд се согласи со одлуката на Основниот суд во Косовска Митровица дека постои значителен ризик од бегство на осомничениот.

Судот, исто така, утврди дека постои значителен ризик од застрашување на сведоци, се наведува во соопштението.

На барање на меѓународниот обвинител на Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косово, Основниот суд во Косовска Митровица на 28 јануари 2014 година одреди едномесечен истражен притвор за Ивановиќ.

05.02.2014 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега