Монструм шета по улиците - за 15 минути отрул 15 кучиња-скитници

Хорор го потресе Никшич. Загрижени граѓани денеска пријавиле дека за неколку минути монструм отрул дури 15 кучиња-скитници кои шетаат по улиците.

Како што пренесуваат српските медиуми, труењето на кучињата се случило во ценатрот на градот, пред очите на згрозените случајни минувачи, кои за жал ги гледале кучињата како умираат пред нивни очи. 

- Само што добивме информација се упативме на местото на настанот. Бел пик-ап со белградски таблици е забележан на улиците каде потоа умреле кучињата. Се работи за маж чиј идентитет е засега непознат, кој им фрлал отров на кучињата со што ги усмртил, велат од здруженијата за животни, пренесе српскиот Курир.

На улиците сеуште има пена од силниот отров кој  кучињата го внеле во својот организам. Здруженијата апелираат монструмот да биде откриен и да биде најстрого казнет за ужасот кој го сее по улиците, безмилосно убивајќи кучиња.

05.02.2014 - 14:50
Фото: 
Црнобело

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега