Статистика: Добиточниот фонд намален за 5,3 проценти

Вкупниот број говеда во Македонија во минатата година во споредба со 2011., е намален за 5,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во 2012 година, во споредба со 2011, бројот на свињите кај деловните субјекти е намален за 23,3 проценти, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1,8 проценти. Намалување на бројот на овците за 3,4 проценти е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, а кај деловните субјекти бројот е намален за 27,8 проценти. 

Бројот на живината кај индивидуалните земјоделски стопанства во 2012 година, во споредба со претходната  година, е зголемен за 0,4 проценти, но кај деловните субјекти е намален за 26,6 проценти.

Според Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко минатата година изнесува 349.769.000 литри што е за 7 проценти помалку во однос на 2011 година.

Зголемување на производството од 52,1 проценти во 2012 година е забележано кај овчото млеко, додека кај производството на козјо млеко е забележано намалување за 4,6 проценти во однос на претходната година.

 

најчитано сега