Џнсон Мети, Амфенол и Кемет Електроникс бараат работници во Македонија

Во три фабрики во Македонија е отворен оглас за работници. Амерканската компанија „Амфенол“ која неодамна почна со производство во некогашните погони на „Атом“ во Кочани распиша оглас за 70 работници.

Во огласот се наведува дека се бара тим лидер за процесот на производство. Компонијата е светски лидер во производството на интерконекциски производи наменети за автомобилската индустрија, но и за железница, комуникациска опрема за мобилна телефонија, аеронаутика, електроника и индустриски апликации. Во плановите за годинава стои дека во компанијата ќе вработи околу 300 лица.

 

„Кемет електроникс“ и „Џонсон Мети“, фабриките кои се наоѓаат во економската зона Бунарџик, крај Скопје исто така имаат огласи за вработување.

07.02.2014 - 00:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа