Приведени 24 момчиња за вчерашната тепачка во Охрид

Полицијата привела 24 лица кои учествувале во вчерашната тепачка помеѓу навивачите на МЗТ-СКопје и „Куманово“, која се случи на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Како што информираат од полицијата, навивачите од двете екипи насилно се однесувале со повикување, поттикнување и учество во тепачка. Учесниците во тепачката си размениле удари, а фрлале и разновидни предмети, оштетувајќи три автомобили кои биле паркирани во близина на местото на настанот.

По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветна пријава за приведените насилници.

09.02.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега