Од утре нови цени на бензините

Утре, согласно праксата Регулаторната комисија за енергетија треба да ги објави новите, малопродажни цени на нафтените деривати. Со последната одлука, на 27 јануари, регулаторите ја зголемија цената на бензинот и дизелот за 0,5 денари.  Така во моментов малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 79.5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 69, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58 денари за литар.
Во текот на изминатава недела, поддршка на нафтените берзи им пружи повторната блокада на пристаништата на истокот на Либија, поради што извозот е намален за 600 илјади барели дневно. Блокадата ги поттикна цените на лондонската берза, додека ниските температури во САД ја кренаа побарувачката за масло за домаќинство, а со тоа и цената на нафтата на американската берза.

Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели ја коригира малопродажаната цена на нафтените деривати водејќи се од просечната цена на суровата нафта на светските берзи во тековниот 14 дневен период како и според односнот на курсот на доларот и денарот

09.02.2014 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа