Гугл сепак е на второто место на највредни компании во САД

 

Откако го престигна „Ексон“ (Exxon), Гугл се најде на второ место на листата на највредни американски претпријатија по пазарна вредност на берзата.

Според податоците на „Фекстет“ (FactSet), Интернет гигантот Гугл минатата недела го престигна „Ексон“, откако на затворањето на берзата во петокот вредеше 395,42 милијарди долари во споредба со 392,66 милијарди долари колку што вредеше нафтената компанија.

Акциите на Гугл се во постојан раст од почетокот на 2013 година со добивка од 66 отсто, додека „Ексон“ забележан раст од пет отсто.

Прв на листата е „Епл“ со 463,55 милијарди долари пазарна вредност.

10.02.2014 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега