Се обесил во паркот каде им чистел чевли на минувачите - последниот ден на скопјанецот кој се самоуби

Утрински весник ја раскажува животната приказна на скопјанецот кој пред два дена си го одзема животот во паркот спроти "Нова Македонија" 

58-годишниот скопјанец А.И. од населбата Шуто Оризари во средата наутро, заедно со својата сопруга, со градски автобус пристигнал во центарот на Скопје. Неколку часа подоцна тој си го одзема животот на една од нajфреквентните раскрсници во градот, спроти поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“.

Токму на спротивната страна, блузу зградата на Европската мисија, А.И. со години им ги чистел чевлите на минувачите. Во ќесичката која скопјанецот ја носел со себе имало таблети и околу 900 денари. 

Според информациите на Утрински, А.И. имал 2 сина. Едниот живее во Скопје со родителите, а постариот живее во Франција. Со сопругата биле заедно цели 40 години.

Според кажувањата на блиските, А.И. имал здравствени проблеми, но, никој не очекувал дека ќе одлучи да си го одземе животот. 

-Имаше проблеми со срцето, преживеа инфаркт, пред Нова година. Три години имаше рак на простата, имаше и психички проблеми. Постојано пиеше апчиња, беше многу внимателен. Секое утро ја испраќаше мајка ми на работа, а вечерта кога ќе се вратеше, правеше две кафиња: за себе и за неа. Четириесет години беа заедно, вели еден од двајцата синови за Утрински весник.

-Не насетувавме дека ќе се одлучи на таков чекор. Беше многу разочаран од сите болести, беше одбиван за инвалидска пензија. Дваесет години работеше во една голема фирма што пропадна, па потоа чистеше чевли пред зградата на Европската мисија во центарот на градот, поточно на раскрсницата каде што си го одзеде животот. Еден куп болести имаше, само тој знае колку му било тешко, велат блиските за Утрински.

Ова е четврто самоубиство во изминатите десетина дена. Претходно, животот си го одзедоа тројца жители на Полог, меѓу кои 25 годишна девојка и 12 годишно момче.

Повеќе детали на - Утрински Весник

најчитано сега