Петнаесетмесечно бебенце од Штип се бори за живот - во градинка изело отров за глувци

Трагедија го потресе Штип. 15-месечно бебенце во текот на вчерашниот ден изело отров за глувци додека било во градинка.

Според неофицијалните податоци на ТвОрбис, бебенцето било веднаш пренесено во болница каде му е даден противотров и му е испрано сотмачето. Мајката и детето се се уште во болница, а за жал отровот и денеска имал продолжено дејство.

Од болницата во Штип за ТвОрбис велат дека имале ваков случај, но засега не откриваат детали.

11.02.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега