Повторно ограбена поштата во Катланово: Вработената во несвест, крадецот ги земал парите и избегал

Засега непознат сторител утринава ја ограбил поштата во Катланово. Според податоците од полицијата, грабежот се случил околу седум часот кога крадецот влегол во поштата и со закана со нож, ги побарал парите од 63-годишната Б.М. која во моментот била на смена.

Жената од шокот се онесвестила, а крадецот ги собрал парите и заминал во непознат правец. По кратко време, вработената која лежела на подот ја забележал друг вработен кој дошол на работа, па веднаш ја однел во болница и случајот го пријавил во полициска станица.

Ова не е прв пат да  биде ограбена поштата во Катланово. Минатата година во месец јануари крадец влезе во поштата, а и тогаш се случи истото, вработената се онесвести, а крадецот си замина со торби полни со 331.000 денари.

Овојпат, крадецот однел 400.000 денари.

Полицијата работи на расветлување на настанот.

11.02.2014 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа