ФОТО: Сноубордерот кој заслужува орден за заведување на ЗОИ

Сноубордерот Алексеј Соболев(22) од Русија за да ја разбие монотонијата со која се соочува во Сочи најде интересен начин како да привлече внимание кај понежниот пол и да си го направи престојот поинтересен.

Тој на квалификациите во слоупстајл на Олимпијадата  носеше шлем на кој беше  испечатен неговиот телефонски број.

По некое време му биле испратени повеќе од 2.000 пораки, вклучувајќи и некои голи слики што предизвикувало моментално блокирање на неговиот iPhone. 

„Во повеќето пораки девојките ми посакуваат среќа на Олимпијадата“, изјави Алексеј „Дел од нив не се за читање на глас“, додаде. На ова додаде дека омилени пораки му биле од оние испратени од Русинките.

 

 

11.02.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега