Маскирани крадци собрале 110.000 денари од казино во Велес

Маскирани крадци синоќа влегле во казино во Велес и ги собрале сите пари.

Според податоците, засега двајца непознати сторители, синоќа еден час пред полноќ, влегле во казиното  „Адмирал“ лоцирано на улицата „8 Септември“, и со закана од вработените одзеле над 110.000 денари.

Полицијата трага по сторителите кои веднаш избегале во непознат правец.

11.02.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа