Старец од Штип се бори за живот - настрадал во пожарот што сам го предизвикал

Шеесет и шестгодишниот М.М. добил тешки изгореници во пожар што синоќа самиот ненемерно го предизвикал во неговата куќа во  штипската населба „Македонка“.

Началникот на Одделението за инетнзивна нега во Штипската болница, Билјана Ефтимова, информира дека пациентот е хоспитализиран во 22 часот и 30 минути и е донесен со изгореници од прв, втор и трет степен, а во текот на ноќта е реанимиран и пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Командирот на противпожарната единица Кирче Патраклиев вели дека околу 22 часот биле известени за пожарот и веднаш реагирале. Човекот кој што се запалил во неговата куќа е извлечен од страна на пожарникарите. Се утврдуваат причините за пожарот кој настанал во куќата на 68 годишниот М.М

11.02.2014 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа