Во Албанија пристигна првата група ирански муџахедини

Во Тирана пристигна првата група од 14 ирански муџахедини, јавува МИА.

Мартин Коблер потврди дека иранските муџахедини во Тирана пристигнале доцна синоќа.

Инаку, Тирана о средината на март годинава го прифати барањето на САД, во Албанија да се засолнат 210 муџахедини.

Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Албанија да прими 210 припадници на организацијата Народни муџахедини на Иран.