Дожд ќе ни ја расипе пролетната атмосфера - ѕирнете какво ќе биде времето деновиве

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Врнежите најпрво ќе ги има во западните делови, а до крајот на денот ќе се прошират и низ целата земја. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде облачно, попладне и особено во ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Локален дожд ќе има и во четврток претпладне.

За време на викендот се очекува сончево време со повторен пораст на дневните температури. 

12.02.2014 - 08:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега