Груевски во Брисел на средба со Расмусен

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе го посети седиштето на НАТО, каде ќе оствари средба со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата, јавува МИА.

Од седиштето на НАТО ја потврдиле информацијата дека Груевски доаѓа на покана на првиот оперативец на Алијансата.

По средбата Груевски-Расмусен, информираат од НАТО, ќе се одржи заедничка прес-конференција. Средбата доаѓа неколку месеци пред Самитот на Алијансата во Велс, каде се очекува проширувањето да се врати на агендата, при што Македонија е земја што е прва на листата, но не може да и се приклучи на најголемата воено-политичка организација на светот поради блокадите од Грција.

 

12.02.2014 - 08:36
Фото: 
Влада.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа