Бесими ќе ја презентира Националната програма за усвојување на правото на ЕУ

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања ќе ја презентира целта, содржината и фокусот на активностите на годинешната ревизија од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија.  

На дневен ред на седницата е и Мислење за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2014 година.

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат и комисиите за култура, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно правната комисија.

Комисијата за култура ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, во второ читање.

Членовите на комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за семејството, во второ читање, годишниот финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година, предлог-одлуките за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест за 2014 година што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување го наплатува од пензиските друштва и за давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги наплатува од пензиските друштва.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог - закон за дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе расправа за повеќе закони во второ читање. 

12.02.2014 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега