Во Кина одиграни 5 продолженија за минимален триумф 178:177

Екипите на Фуџиан и Жеџианг беа актерите на феноменален и неизвесен натпревар кој на крајот заврши во полза на кошаркарите на домашниот тим славејќи со 178:177.

Во регуларниот дел мечот заврши со 110:110, по што следеа дури пет продолженија кои го дадоа победникот. Дуелот ќе биде запаметен по тоа што траеше три часа и што беа постигнати вкупно рекордни 355 поени.

Меѓу најистакнатите кошаркари на возбудливиот натпревар беше поранешниот НБА играч Делонте Вест, кој имаше учинок од 37 поени, 11 асистенции и осум скока.

Бехрами освен 37 поени запиша уште 11 кош-додавања и седум фатени топки, додека Ванг до своето име по финишот имаше 37 поени, и 14 скокови.

Во редовите на гостите, одличниот Мајк Херис постигна 56 поени со 17 фатени топки, Деварик имаше 47 поени, 12 скокови и девет асистенции, а Жанг оствари 36 поени и 16 фатени топки.

Интересно е дека на двобојот ниеден играч не забележа двоцифрен ефект во три ставки од статистиката („трипл-дабл“), меѓутоа дури седуммина успеаја да постигнат „дабл-дабл“.

12.02.2014 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега