Забавувајте се и донирајте за болниците од Клиничкиот центар

ХО клуб во соработка со Сојузот на студенти по медицина на Македонија, заедно со студентскиот парламент на Медицински Факултет и студентскиот парламент на УКИМ, за утревечер најавуваат хуманитарна забава за болничките одделенија при Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Со секоја купена карта за забавата донирате по 50 денари, а овие пари ќе бидат собирани за снабдување на одредени болнички одделенија со нови перници, ќебиња, чаршафи и други материјали што се потребни за подобра нега и грижа на пациентите.

Вакви забави ќе се одржуваат секој прв четврток од месецот.

Забавата започнува утревечер во 23 часот.

12.02.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа