Грипот кутна уште 613 лица во Кавадарци

Нови 613 случаи на болни од грип, се регистрирани изминатата недела во Кавадарци, информира доктор Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје од Кавадарци.

Со последните регистрирани случаи на болни од грип, вкупниот број за оваа сезона се исчачи на 1973 лица.

- Годинава имаме значително поголем број болни од грип. Споредено со минатата година, оваа сезона бројот на болни е поголем за седум пати, рече Јовановски. Лекарите очекуваат дека топлото време ќе го намали брзото ширење на грипот и оти оваа недела би требало да има помал број нови заболени, но сепак нагласуваат дека тоа се само претпоставки и очекувања, пренесе МИА.

12.02.2014 - 15:37
Фото: 
локално

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега