Утре облаци и дожд - викендов сонце

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно. Во источните делови се уште ќе има услови за врнежи од слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали, а ветерот ќе го смени правецот во северозападен.

Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

За време на викендот повторно ќе му се радуваме на сонцето.

12.02.2014 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега