Груевски : Да се воспостави соодветна рамнотежа помеѓу глобалните интереси на Алијансата и нејзините прокламирани вредности

Премиерот Никола Груевски ја заврши работната средба и со амбасадорите на земјите-членки на НАТО на кои им испрати силни пораки зошто Република Македонија треба да стане членка на Алијансата.

Како што дознаваме од разговорите на таа средба, Груевски им посочил дека е неопходно е да се разбере дека кредибилитетот на политиката на отворена врата на НАТО треба да е во склад со исполнувањето на јасно дефинираните критериуми за земјите аспиранти. Тој рекол дека истата во голема мера се заснова на заедничките основни демократски вредности што сите ги поддржуваат.

“ Тоа подразбира почитување на меѓународното право и правото на самоидентификација и самоопределување, како и потребата да се воспостави соодветна рамнотежа помеѓу глобалните интереси на Алијансата и нејзините прокламирани вредности. Во тој контекст, би сакал да истакнам дека ние сме многу заинтересирани за интензивирање на политичкиот дијалог со Република Грција во рамките на процесот со посредство на Обединетите нации (ОН), предводен од амбасадорот Нимиц, за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение во спорот за името, во согласност со меѓународното право и Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН”, истакнал Груевски на средбата.

На средбата премиерот потенцирал дека земјата е посветена на процесот во Обединетите Нации и посакува интензитет и посилна динамика во истиот, за да може во што е можно поскоро време да се дојде до решението, и до надминувањето на последниот предизвик на патот на евроатлантската интеграција на Република Македонија во НАТО, и затворање на отвореното прашање со нашиот јужен сосед.

Тој посочил дека од нужно значење е посилен и активен ангажман на земјите-членки на НАТО во стимулирањето на двете страни за изнаоѓање на решение во процесот на ОН. Причината е што земјите-членки на НАТО се и основачи на Меѓународниот суд на правдата (МСП) и вредносно е исправно да ги почитуваат одлуките на ова тело, но тие треба да се заинтересирани и за поддршка на земјите партнери и сојузници, на Македонија и Грција, и да се заинтересирани Алијансата да се шири и да се реализира политиката на проширување за на тој начин трајно да се стабилизира регионот на југоисточна Европа.

На средбата, премиерот Груевски ги истакнал дузината реформи што македонската Влада досега ги превзела со цел исполнување и усогласување со критериумтие на ЕУ и НАТО.

12.02.2014 - 18:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега