И денеска дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно. Во источните делови се уште ќе има услови за врнежи од слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали, а ветерот ќе го смени правецот во северозападен.

Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во петок попладне ќе има локален дожд, а на планините локален снег. Потоа, во деновите од викендот, како и во почетокот на наредната недела времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура. 

13.02.2014 - 08:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега