Press24 надмина 3 милиони

 

Кликнете на фотката за целосен извештај

Press24 го надмина бројот од 3 милиони посети на месечно ниво. Според извештајот на Google Analytics, во последните 30 дена Press24 регистрирал 3.006.049 посети направени од 575.211 разчични, уникатни посетители, кои вкупно прегледале 16.536.679 страници. Во однос на претходниот месец имаме за 500.000 посети повеќе, што не зацрвстува на врвот како најчитан информативен портал на македонскиот пазар. Бројките покажуваат месечен раст на посетите за 16,7%.

Истовремено значително го зголемуваме и обемот на содржини кои ги објавуваме на дневно ниво. Со исклучок на викендите кога обемот на информации е помал, објавуваме по повеќе од 150 нови содржини секој ден. И натаму остануваме медиумот кој прв ги сервира најновите и најактуелни информации солободени од секакви влијанија. 

Истовремено, нашата фан страна на Facebook, Која веќе брои над 130.000 задоволни читатели според сите релевантни мерења е најактивната фан страна на социјалната мрежа. Доколку сакате редовно да ги добивате сите информации, не губете време и следете го овој линк.

Редакцијата на Press24 им се заблагодарува на сите свои читатели за довербата и ветува напорна работа и силна посветеност во мисијата да се обезбедат информации од секој агол.

 

13.02.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега