Честито на сите швалери- денеска е нивниот ден

За некои Денот на вљубените за некои Ден на љубовниците.

Денешниот ден во пресрет на Свети Валентин или поточно 13-ти февруари, е ден кога повеќето неверни сопружници ја прославуваат својата забранета врска, открива истражувањето спроведено од „Gledeen“, популарниот сајт за склопување вонбрачни врски.

Ако му веруваме на „Gledeen“, моментот за романтична вечера, прекрасни подароци, интимни моменти за многумина од нив ќе биде само „повторување“ на моментот проживеан само 24 часа порано.

Околу 52 отсто од прељубниците изјавиле дека на 13-ти февруари ќе ја прослават својата скриена љубов.

Овој ден во Америка го нарекуваат „Денот на љубовниците“.

13.02.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа