Европските социјалдемкрати денеска на конференција во Скопје

Во рамки на редовниот Годишен состанок посветен на Западниот Балкан на Групата на прогресивната алијанса на социјалдемократи и социјалисти во Европскиот парламент, денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Демократија, владеење на правото и слобода на медиумите-клучни критериуми во напредокот на Европската унија“.

Воведно обраќање на конференцијата ќе имаат Јоханес Свобода, предводник на Групата на социјалисти и социјалдемократи во Европарламентот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Најавено е присуство на Ричард Ховит, известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, потпретседателот на Групата на социјалисти и социјалдемократи во Европскиот парламент, Кинга Гонч, европратеник од Групата на социјалисти и демократи и поранешен министер за надворешни работи на Унгарија, Кнут Флекенштајн, европратеник од Германија, Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, како и претставници на социјалдемократските и социјалистичките партии од Западен Балкан. 

14.02.2014 - 08:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега