ДИК продолжува со подготовките за претседателските избори

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е финансискиот план за распределба на средства за избор за претседател на Република Македонија, како и Предлог годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2014 година на ДИК по програма 21 – изборни активности со Предлог одлука за негово усвојување.

На седницата ќе биде разгедан и Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите,  Предлог одлуката за утврдување на обликот на печатите на избирачките одбори, на општинските изборни комисии и изборната комисија на Градот Скопје, како и Предлог програмата за задолжителна едукација на изборните органи за спроведување на изборите за Претседател на РМ 2014 год.

На дневен ред е и Барањето за акредитација на набљудувачот - Граѓанската асоцијација - МОСТ на изборите за Претседател на РМ, Предлог-одлука за утврдување на изгледот на интернет страницата на ДИК, Предлог-одлука за утврдување на потребата од формирање на помошни тела на ДИК за спроведување на изборите за Претседател на РМ.

14.02.2014 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа