Стартува изградбата на патот од Дулица до Македонска Каменица

Започнува изградбата на локалниот пат до село Дулица, која е дел од програмата за изградба на локални патишта до сите населени места во општина Македонска Каменица.

Договорот помеѓу Општина Македонска Каменица како инвеститор и изведувачот „Урбан - инвест„ ДОО од Кавадарци, покрај пристапниот пат, предвидува да бидат изградени и асфалтирани и меѓумаалски патишта во вкупна должина од 1.600 метри.

-  Со средства од општинскиот буџет и од програмата на Агенцијата за рурален развој со асфалтни патишта ќе се поврзат четирите маала: Кадиско, Гагалевско, Чуковско и Цебовско, со што  и селото Дулица ќе има квалитетна патна комуникација со општинскиот центар , но и со патот Делчево - Кочани, вели градоначалникот Дарко Митевски.  

Дулица е планинско село од разбиен тип. Неговите жители се занимаваат со земјоделство, сточарство и со собирање на шумски плодови и лековити билки.

14.02.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега