238 приговори за екстерното тестирање на матурантите

До Државниот испитен центар (ДИЦ) биле доставени 283 приговори за резултатите од екстерното тестирање на матурантите. Рокот за поднесување на на приговорите заврши вчера, а тие до ДИЦ се процесуирани од училишните комисии.

- Врз основа на извештајот што го добив денеска од Државниот испитен центар, 130 приговори се прифатени, 133 се одбиени, а за останатите 20 ќе се одлучува по извештај од Државниот просветен инспекторат. Многу е мал процентот на поднесени приговори што е уште еден доказ и потврда дека екстерното овој пат помина без проблеми и забелешки, рече министерот за образовани и наука Спиро Ристовски по посетата на ОУ „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Прифатените приговори се од две училишта во Куманово и Гостивар од каде се очекувале приговори бидејќи биле направени пропусти во верификацијата на распоредите на првото од двете тестирања.

- Беше направен пропуст во однос на наставниот јазик на кој учениците ја следат наставата и на тие ученици им се прифатени приговорите, појасни  Ристовски.

НА екстерното тестирање годинава излегоа 21.854 матуранти. Просечната оценка на тестираните матуранти од 96 средни училишта во Македонија е 3.39. Најдобри резултати постигнале матурантите од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“-Скопје, а следни се: „Јосип Броз-Тито“-Битола, уметничкото „Лазар Личеноски“-Скопје, „Орце Николов“-Скопје и „Гоце Делчев“-Куманово.

14.02.2014 - 12:06
Фото: 
lider.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа