Попоски на работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска имаше работен појадок со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија.

Во центарот на вниманието за време на разговорите беа реформите што ги спроведува Македонија поврзани со ЕУ агендата и чекорите што ќе бидат преземени во следните месеци за повторно да се обезбеди позитивен извештај за напредокот за 2014 година.

Попоски изнел уверување дека годинава ќе се интензивира спроведувањето на реформската агенда и градењето на позитивна клима и соработка со сите соседи во прилог на напорите за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ, а воедно ги информирал амбасадорите дека продолжува работата за исполнување на преостанатите задачи од Пристапниот дијалог на високо ниво истакнувајќи ги притоа неодамнешните постигнувања за усвојување на измените на Изборниот законик, пакетот закони во медиумската сфера, законите за реформа на јавната администрација како и чекорите во областа на правосудството.

14.02.2014 - 12:35
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа