Синот на Фрчкоски е избран за нов претседател на СДММ Центар

Јон Фрчкоски, синот на Љубомир Фрчкоски, е новиот претседател на СДММ Центар.

Како што јавува порталот Курир, одлуката Јон Фрчкоски да застане на чело на младите социјалдемкрати во центар, предизвикала незадоволство пред се кај симпатизери и членови на СДСМ, кои, според порталот, во овој чекор виделе продолжување на непотизмот и отпор кон зачленување и внесување на млади и прогресивни сили во партијата.

Веста дека Јон Фрчкоски е новиот претседател на СДММ Центар, ја пренесоа речиси сите медиуми блиски до СДСМ, меѓу кои и порталот Либертас каде како новинар работи сестрата на Јон, Лени Фрчкоска, односно токму во порталот на Ацо Кабранов, кој е кумашин со Фрчкоски.

На именувањето на новиот претседател на младите на СДСМ во Центар присуствувал и лидерот на партијата Зоран Заев. 

Љубомир Фрчкоски беше претседателски кандидат на СДСМ на последните претседателски избори. Претходно, Фрчкоски беше и министер во повеќе ресори во владите на СДСМ.

14.02.2014 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега