Или раскинување на договорот или оставки - ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за скандалите во Куманово

ВМРО-ДПМНЕ бара кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски и Дамјан Манчевски да го раскинат договорот за паркинзите во Куманово или да поднесат оставки од нивните функции.

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната прес-конференција истакна дека доколку не го раскинат договорот, тогаш Дамјановски и Манчевски треба да понесат политичка и морална одговорност и да си поднесат оставки.

- Ние повеќе би посакувале тие да го раскинат договорот од етички причини, а средствата кои се излиле по овој основ да се вратат во општинските институции на Куманово и да се искористат за многу од горливите проблеми во таа општина. Граѓаните на Куманово, а и ние, би ценеле ако во Општина Куманово конечно се реши проблемот со ѓубрето и депониите, ако се направи долгонајавуваниот, а не направен базен, ако се вратат дел од долговите на општина кои за жал, како во секоја општина раководена од СДСМ воопшто не се мали, рече Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку дена обвинува за злоупотреба во доделувањето на тендер за управувањето со паркинзите во Куманово. Според партијата, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски учествувал во јавната набавка за управување со паркинзите во Куманово, вредна 22.892 илјади денари. 

14.02.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа