Крадела за да не ја откријат дека краде - еве што криела жената што лажеше за разбојништвата во Катланово

Кривична пријава за вработената во Поштата во Катланово, која во два наврати лажно пријавила кражба.

Според информациите од МВР, 63 годишната Б.М. два пати во една година лажно пријавила дека е извршено разбојништво од страна на наводно непознат сторител во експозитура на АД „Македонски пошти“ во село Катланово каде таа била вработена. Б.М. во џеб ставила 705.124 денари од касата на Поштата.

Б.М. си крадела пари од касата на Поштата за да може да ги врати паричните средства на лице од чија сметка претходно крадела, и да уплати пари на трезорска сметка за друго лице од кое исто така си присвојувала пари. Па така, за да ги земе парите а да не одговара за тоа, Б.М. лажно пријавила дека на 21. јануари 2013 и 10. февруари годинава, во поштенската експозитура на АД „Македонски Пошти“ во село Катланово влегол разбојник и со закана со пиштол (во првиот случај) и нож (во вториот случај), била испразнета касата на поштата. Од касата исчезнале вкупно 705.124 денари.

-На 4 февруари 2014 година, од страна на СВР Скопје  против пријавената исто така поднесен е и посебен извештај во врска со неовластеното подигање на парични средства, а врз основа на пријава од страна на внука на еден од оштетените која приложила докази (Договор за заем на парични средства составен кај адвокат како и рачно потпишани признаници на пријавената за дадени парични средства) со кои пријавената се обврзала дека ќе ги врати противправно присвоените пари, информираат од полицијата.

Полицијата извршила претрес во домот на пријавената и таму пронашла една уплатница на име на оштетен и банкноти во различни апоени.

14.02.2014 - 14:13
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега