Просечен Македонец пие 1,8 литри вино и еден литар ракија годишно

Производството на вино во Македонија расте од година во година расте, а во благ пораст во последниве години се и површините под лозови насади.

Статистиката покажува дека во 2012 година винариите произвеле 78.076.900 литри наливно вино, додека минатата година е зголемено производството на 102.362.500 литри наливно вино. 

Во последниве години во пораст е трендот на производство но, и на извоз на флаширано вино. Така, лани се произведени 15.344.200 литри вино во шишиња за разлика од 2010 година кога производството на флаширано вино изнесувало 14.937.200 литри. Минатата година од Македонија се извезени 17.012.323 литри вино во шишиња во вредност од 17.899.277 евра што е зголемување во споредба со 2010 година кога од земјава се извезени 9.859.792 литри.

Меѓу земјите надвор од Европа, најмногу вино во шишиња се извезува во Кина, Канада, САД и Јапонија.

Во 2012 година македонските граѓани на возраст над 18 години просечно испиле по 1,8 литри вино и 1 литар ракија.

Во Македонија лозовите насади опфаќаат површини од над 20.000 хектари на кои се насадени околу 80.000.000 пенучки. Индивидуалните земјоделци преработуваат 55 илјади тони грозје и произведуваат 13.000.000 литри вино, а работат и 81 винарија лоцирани претежно во Скопје, Кавадарци и Неготино, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

14.02.2014 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега